АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пијаното „Безендорфер“ тешко половина тон, донација од пред две децении на Труфун Костовски за Фестивалот на класинчна музика „Интерфест“, денес со кран беше пренесено во концертната сала во Офицерскиот дом во Битола. Ова скапо пијано чија вредност денес достигнува до 160 000 евра, во изминатите години се чуваше во битолскиот Завод и музеј. Сега се врати во најакустичната сала во Битола, онаа во Офицерскиот дом , каде во минатото, а и денес се одржуваат концерти со класична музика.
„Битолчани сметаат дека Офицерскиот дом е домот на ова пијано кое во 2000 година го донираше Трифун Костовски на Општина Битола со цел да се користи за потребите на фествалот на класична музика . Токму со пренесувањето на пијаното оваа сала ја добива својата вистинска душа, си одговараат и по кавлитет и по акустика. Оваа села е душата на концертите во нашиот град“, рече Лили Бошевска, директор на Културно -информативниот центар во Битола.
Во Офицерскиот дом се подготвува да се направи музејска поставка на современа битолска уметност, а ова лето ќе се одржи ретроспективна вечер на најубавите битолски серенади, кое потоа се очекува да стане традиционален фестивал.