Работните активности околу спортските терени во Техничкото училиште СОТУ „Ѓорги Наумов“ Битола влегуваат во втората, завршна фаза.
Веќе се поставени заштитната ограда и лед осветлувањето.
Сега се работи на партерното уредување и припрема за поставување на меката тартан подлога. Како последна фаза се планира обележување на терените и монтажа на головите и кошовите на двете игралишта.
Вредноста на проектот е 100.000 евра, средства кои беа обезбедени од претходната локална самоуправа.