2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

НИЕ СМЕ НАДВОР ОД ПРОЦЕСОТ, ИНАКУ ПРЕСПА Е ЕДЕН УБАВ ГРАД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

Мај 29, 2018

Преспа е еден убав град во Република Македонија, каде што има едно прекрасно езеро рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Битола запрашан за тоа како ги коментира најавите за името Северна Македонија како решение на спорот со Грција и можниот договор во Преспа. Сѐ друго, рече тој е новинарска шпекулација.

 

„Тоа се новинарски шпекулации, полу информации, полу вистини. Ние сме надвор од процесот, комплетмо сме исклучени од било каква информација, она што најчесто го добиваме како информација е од нивинарски текстови и она што кај нашиот јужен сосед се лиферува како вест. Инаку Преспа е убав град во Република Македонија каде што има едно прекрасно езеро“, рече Мицкоски.

Запрашан зошто ја изгубиле Битола на изборите, тој призна дека во минатото направиле грешки, но дека сега од нив извлекле поука, па Битола ќе биде меѓу приоритетите во нивната нова изборна програма, додавајќи дека ќе се вика „Нов завет“..33837586 391611197988919 5705136249052856320 n

„Политиката е динамичен процес, еднаш победувате, друг пат губите. Се разбира ги анализираме грешките во минатото и врз основа на тие грешки носиме заклучоци како да продолжиме во иднината. Мислам дека извлековме поука од грешките што ги правевме во минатото и истите ќе ги корегираме за во иднина повторно да победиме во Битола оти овој град за партијата е од врвен приоритет “, рече Мицкоски.

Тој вечерва се сретна со членството и симпатизерите од Битола, а меѓу нив присутни беа и екс градоначалникот на Битола Владимир Талески, како и поранешни директори и функционери од оваа партија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани