АПЛА.мк - За БитолаАПЛА.мк - За БитолаАПЛА.мк - За Битола
  • ВЕСТИ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОЛУМНИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛТУРА
  • ХРОНИКА
  • ЗАНИМЛИВОСТИ
Јуни 04, 2026
  • Импресум
  • Ценовник
  • Контакт

2win800x200

МАКЕДОНИЈА

Нова германска инвестиција, фабрика за додатоци за спортови во Битола

Мај 04, 2022
Нова германска инвестиција, фабрика за додатоци за спортови во Битола
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ја посети новооформената фабрика Брејнчајлд Продукција, лоцирана во Индустриската зона во Битола кај старата фабрика на Битолатекс, со цел да се запознае со новата инвестиција во градот, начинот на работа и производството.
 

Брејнчајлд Продукција е основана од страна на германски инвеститори, чија цел е да постават еколошко производство, базирано на рециклирани и одржливи материјали, или материјали кои не се штетни за животната околина, со што се намалуваат емисиите на јаглерод. Поставувањето на високите стандарди за еколошка свесност, појаснија од Брејнчајлд Продукција, ќе значи и користење на обновливи извори на енергија.

Од фабриката, за време на посетата на градоначалникот Коњановски, објаснија дека главен фокус во производството ќе бидат реквизити за спортови на вода, односно крила за „kite-surfing" и „wing-surfing", но и други додатоци и аксесоари со водечки стандарди во однос на технологијата, квалитетот и ефикасноста. Се очекува фабриката да започне официјално со производство кон крајот на оваа календарска година.

Градоначалникот Коњановски им посака успешен подготвителен период и адаптација на инвеститорите, со желби понатаму оваа фабрика да донесе вработувања и економски напредок за локалното население.

Сподели
Tags
  • инвестиција
« На споменикот во Ореово им беше одадена почит на шестмината партизани кои херојски загинаа на денешен ден Милевски-Адреналински парк на Пелистер, капсула за елементарни непогоди на УКЛО, македонско-грчки проекти за погранична соработка »
back to top

  

kocka072024

image01

 

Следете не

  • RSS Subscribe us on News
  • Facebook Like us on Facebook

КОЛУМНИ

Наставник по ликовно во Битола цела година одел на работа без да му кажат дека добил отказ – држел настава пишувал оценки до вчера

Наставник по ликовно во Битола цела година одел на работа без да му кажат дека добил отказ – држел настава пишувал оценки до вчера

image 0 02 05 07dc1b1f9e8af4c83ccb8b4fc98e1ed05c250e91d37d9fd271e98d1f5ccf3528 V

Најчитани

Директорката Гордана Јоначиќ се огласи за случајот со наставникот Стефан Поповски - ООУ „Тодор Ангелевски“ посветено на законито, транспарентно и одговорно работење

Директорката Гордана Јоначиќ се огласи за случајот со наставникот Стефан Поповски - ООУ „Тодор Ангелевски“ посветено на законито, транспарентно и одговорно работење

Мај 27, 2026 ВЕСТИ

  • Уапсени шестмина млади битолчани „ловеле педофили“ се претставувале како малолетно девојче

    Уапсени шестмина млади битолчани „ловеле педофили“ се претст…

    ВЕСТИ
    Мај 31, 2026
  • Екс советникот Борче Корлевски за 4 години 700 дена не бил на работа - Цел мандат се „покривал“ со потврди од претседателката на Советот

    Екс советникот Борче Корлевски за 4 години 700 дена не бил н…

    ВЕСТИ
    Јун 03, 2026
  • Полицаец од Битола лажел за да го спаси братот од казна за погрешно паркирање изречена од ЈП Паркинзи

    Полицаец од Битола лажел за да го спаси братот од казна за п…

    ВЕСТИ
    Мај 27, 2026
  • Гледајте како не лажат со сирењето по маркетите - Лажат за масленоста, додаваат палмина маст

    Гледајте како не лажат со сирењето по маркетите - Лажат за м…

    ВЕСТИ
    Мај 31, 2026
logog.png

АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

 

semm-baner_mk.jpg

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
  • Forgot your password?
  • Forgot your username?
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани
  • Почетна
  • ВЕСТИ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОЛУМНИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛТУРА
  • ХРОНИКА
  • ЗАНИМЛИВОСТИ