2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На споменикот во Ореово им беше одадена почит на шестмината партизани кои херојски загинаа на денешен ден

Мај 03, 2022

 Претставници на ОО на Сојуз на борци-Битола, Сојуз на борци-Прилеп, Градоначалникот на Општина Битола,  Тони Коњановски и претставници на Државен архив-Одделение-Битола, денеска положија цвеќе и се поклонија пред споменикот во село Ореово по повод херојската смрт на шестмина партизани од партизанскуот одред Пелистер.

 

FB IMG 1651596028360

На 3 мај  1942 година, пред 80 години,  во близина на битолското село Ореово, во Ореовската корија, првиот Партизански народноослободителен одред Пелистер, имаше директен борбен судир со бугарската фашистичка војска и полиција.

FB IMG 1651596041493

Одредот имаше  борбен состав од 21 борец ( 16 од Битола и 5 од Прилеп) и е формиран на 22.04.1942 година во Лавчанската корија, каде што во наредните денови борците се обучуваа и припремаа за борба и ракување со оружјето. 

FB IMG 1651596055165

По предавството што беше извршено, одредот беше лоциран од страна на бугарската фашистичка војска и полиција. 

На 1ви мај во обид да воспостават врска со битолски илегалец, над селото Лавци, Ѓорѓи Наумов, Никола Ѓеоргиев-Никлецо и Стево Трајковски-Тефико, паѓаат во заседа и се фатени. При тоа се слушнаа викотници и истрели заради што останатите борци се извлекоа од местото и се упатија кон Ореовска корија.

FB IMG 1651596050560

На 3-ти мај во жестоката борба ,со околу 2.000 фашистички војници и полицајци, загинаа: народниот херој Елпида Караманди, која тешко ранета, беше свирепо убиена, Димитар Николовски- Таки Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска- Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Јоска Ордановски- Сандански. 

FB IMG 1651596046057

Ѓорѓи Наумов и Блаже Димитровски- Рогозинаро беа осудени на смрт и  обесени во Скопскиот затвор.

Бугарскиот непријател имаше 30-тина мртви. Останатите преживеани борци се спасија и продолжија илегално да дејствуваат.

Овај одред беше светла искра во НОАВМ во битолско. Набрзо во јули 1942 год се формира вториот одред  Дамјан Груев.

 

 FB IMG 1651596033060
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани