АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанец на 93 годишна возраст утрово настрада во пожар во својот стан во висококатницата кај ОУ „Кирил и Методиј“ во Битола. Пожарот избувна околу 4 часот утрото, но засега не се познати причините.
Екипите на Територијалната противпожарна единица во Битола интервенираа до пладнево и ги контролираа зградата и станот каде изби пожарот. Станарите раскажуваат дека утрово преживеале вистинска драма
-Во раните утрински часови, во 4 часот, едни со други се будевме станрите за да спречиме поголема катастофа. Имаше многу чад, се ширеше кон скалите и лифтовите. Слегувавме по скалите внимателно без паника. Пожарникарите дојдоа одма, спроведуваа црева затоа што се работи за висок кат. Но, она што спречи побрзо да се изгансе пожарот е тоа што хидрантите во зградата не се во функција, изјави станар
Снабдувањето со елкетрична енергија во висококатницата е во прекин од превентивни причини, поради што не работат и лифтовите.