АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Има 1,5 година, а во ранец, со неговите родители освоил повеќе планински врвови. Кирил за првпат се искачи Неолица на 5,5 месеци, а потоа следеа останатите негови планинарски авантури. Освен Неолица, се искачил на врвот Вртешка, а неколкупати и на највисокиот врв на Баба, Пелистер. Кирил на 10,5 месеци го освои и највискиот врв во Македонија, Кораб. Тој е и најмалиот член на ПСК Пелисетр, а планинарки и членки на клубот се неговите две сестри Михаела (18) и Јована (16). Мајка му Марија планинарела и во деветтиот месец од бременоста со Кирил
-Цел живот сме планинари, два до три пати неделно сме на планина. Трипати сме се искачиле на Антена со Кирил, многупати на Големо Езеро, преку планина сме слегле во Брајчино. Седи во ранецот, си преспива, застануваме, правиме паузи, продолжуваме. Немаме никаков проблем со него, вели Златко Цветановски, таткото на Кирил.
Кирил и својот прв роденден го прослави, каде ако не на планина.
Емилија Мисирлиевски
Кирил 5,5 месеци, Неолица прво искачување
Кирил 6,5 месеци, Неолица
Кирил, Неолица со сестрите и родителите
Кирил 7,5 месеци -Вртешка, Пелистер
Кирил 8 месеци, Големо Езеро
Кирил 8 месеци, Пелистер
Кирил 10,5 месеци, Голем Кораб
Кирил 11 месеци, Планинарски дом Љуботен
Кирил прв роденден, Планинарски дом Неолица
Кирил 1,5 година, врв Пелистер (денес)
Кирил 1,5 година Големо Езеро (вчера)