АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа околу 21 часот толпа на граѓани се обидувале да го постават знамето на Република Македонија пред спортската сала „ Младост“ во Битола, но биле спречени од полицијата.
Граѓаните сакале да го вратат знамето кое подолго време било тргнато од јарболот, но некој ги пријавил по што интервенирала полицијата.
Кога стасале полициските службеници на јарболот веќе бил качен нивен колега полицаец, кој бил во цивил и не бил на работна задача , како и уште четворица други битолчани. Сите веднаш биле приведени во СВР-Битола и по обавениот разговор ослободени.
Од СВР-Битола за апла.мк ијзавија дека „група на граѓани се обидувале да постават знаме на Р. Македонија пред спортската сала „Младост“. Толпата била спречена од групата за интервенција со полициски службеници од СВР –Битола. Тие затекнати граѓани околу јарболот додека на самиот јарбол бил искачен полицаец во цивил кој не бил на работа, со уште четири други лица. Лицата се лишени од слобода обавени се разговори и по уредно дадени изјави се ослободени. Констатирано е дека нема елементи на кривично дело.