Купиштата ѓубре се извадија од под тезгите во главниот градски пазар во Битола при денешното чистење на оваа локација. Патеките се непроодни од купишта хартиени пакети, најлони и пластични гајби и ѓубриште. Минувачите и пазарџиите забележуваат дека непотребно се „складирало“ се' и сешто под секоја тезга што не само го нагрдува пазарот туку е и потенцијален извор на зарази.












