2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ревија на коктел фустани дизајнирани од средношколци и модни креатори- модели ќе бидат познати битолчанки

Мај 15, 2022

СОУ „Таки Даскало“  и  Продукција  „Божиловиќ“, во соработка  со Културно информативниот центар, организираат Креативен ден на 4 јуни во 18 часот во Офицерски дом во Битола со модна ревија на коктел фустани изработени од средношколците од текстилната струка во соработка со модни креатори, а моделите ќе ги носта познати битолчанки.

Настанот претставува линк помеѓу образованието и бизнис секторот, а организаторите поддржуваат и поттикнуваат претприемништво кај младите и валоризираат домашни брендови.

 „Храбро ја придвижуваме модната сцена. Професионални модни дизајнери ќе  дизајнираат заедно со младата модна сила. Во тек е организирање на настан „Креативен Ден“, во кој главен збор имаат средношколците од текстилно-кожарската струка при СОУ „Таки Даскало“ Битола, заедно со локалните модни креатори. Ќе креираат според претходно зададена тема од професорите –коктел фустан, а оригиналните модни креации ќе ги носат  убави, успешни дами со високи естетски и етички вредности. Секоја дама ќе ја купи креацијата која ќе ја носи, а средствата од донациите ќе се наменат   како поддршка и подобрување на  училишната работилница за практична настава“, рече Весна Божиловиќ од Продукција „Божиловиќ“.280713826 1142273863285908 6613608360849635467 n

Оваа оригинална ревија има голема цел директно да им  подаде рака на младите, да го најдат своето место во заедницата! Текстилната струка во „Таки Даскало“ која  пред три години имаше само четири ученици, а во тековната 2021/22 се запишаа 20 средношколци, што укажува на фактот дека  на младите луѓе потребно им е внимание, информираност, запознавање со реалниот економски свет, за да секој од нив се осознае и полесно да си го пронајде своето место. 

„Наша обврска како возрасни е  да  им покажеме на младите дека секоја професија  е важна, треба посветеност и стекнување вештини на ниво на мајсторство во својата струка и занает, па и да се охрабрат да ги направат првите претприемачки чекори“, велат организаторите.

За време на настанот ќе бидат присутни и претставници од текстилниот кластер и Регионалната стопанска комора на РМ. Истите ќе му врачат на учесниците  признанија. 

280993574 348723164020831 973665037223558699 n

280867384 5259365314109351 381002803480881037 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани