„Мајмуни“ искршиле младо дрво во Градскиот парк во Битола, нема крај на дивеењето низ градот!

Мај 21, 2022

Младо дрво е насилно искршено во стеблото  во Градскиот парк во Битола, спроти Стадионот. Дрвото само што оформило крошна е дивјачки преполовено  и ничкосано оставено на патеката, за што „дивјаците“ очигледно вложиле енергија во нивната крајно несовесна игра. Битолчани кои утрово пешачеа низ Градскиот парк се згрозени од деструктивната енергија на вандалите за кои велат дека без двоумење се млади лице.

-Гневот е голем, особено што на  „мајмуните“ кои си играат со младите дрвја низ паркот не им е прв пат да уништиваат, реагираат повозрасни битолчани,  додавајќи дека Градскиот парк е душата на Битола и децата треба од мали нозе да се воспитуваат дека треба да се чува и негува се што е во него..  

Нема достапен опис

Во истовреме, откорнати се млади борчиња од кружните аранжмани на паркот. 

Нема достапен опис

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани