2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Гран при за монодрамата ,,Едит Пјаф" на Театарот ,,Годо" од Букурешт

Мај 21, 2022

 

 
Вечерва заврши 23-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола
 
На четири сцени, во седум денови се одиграа триенаесет монодрами од единаесет земји од светот избрани од селекторот, актерот Петар Мирчевски, а под покровителство на Министерството за култура.
 
 
Ова е фестивал во организација на Центарот за култура од Битола секоја година, повторно и повторно открива дека само еден актер сам на сцена носи сѐ.
 
Стручното жири во состав Бедиа Бегеовска-актерка, Владимир Милчин-режисер и Сашо Димоски-драмски писател ги соопшти наградите на церемонијата која означи крај на фестивалот.
 
Награда за најдобра режија доби режисерот Иван Лео Лемо за претставата „Вла Вла Влавајланд“, продукција на Театар „Морузгва“, Загреб, Р. Хрватска, во изведба на Еција Ојданиќ.
 
Наградата за најдобро актерско остварување ја доби Каролин Брнс Кук од Велика Британија за улогата во претставата „А јажето сè уште ѝ е врзано околу стапалата“, по текст на Каролин Брнс Кук, во режија на Колин Ваткис.
 
Grand prix на фестивалот доби монодрамата “Едит Пјаф“, на театар „Годо“ од Букурешт, Романија, драматизација на „Тркало на среќата“ од Едит Пјаф и „Едит Пјаф“ од Симон Берто, на режисерката и актерка Дениза Абабеи.
 
Фестивалот има востановено и Наградата од публиката, која се доделува врз основа на оценките кои таа ги давала после секоја претстава. 
 
Оваа награда ја доделува традиционално Општина Битола, а годинава ѝ припадна на монодрамата “Помеѓу” на авторот и актер Ибрахим Миари со најголем број на гласови од публиката.
 
Во чест на победниците, гостуваше Драмски театар од Скопје со претставата ,,СТРАНЦИ“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани