2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Стевче Митревски добитник на наградата “Тоде Петрески“

Мај 26, 2022

Дописникот на МРТВ  од Битола,  Стевче Митревски е добитник на наградата за новинарство “ Тоде Петрески “  за 2022 година, која посмртно „Битолски весник“ ја доделува  веќе 18 години.

Вака одлучи редакцијата на Битолски весник по прегледувањето на пристигнатите кандидатури.

Стевче Митревски во МРТВ е вработен  околу 40 години.

Карактеристично за него е тоа дека тој во МРТВ почнал  да работи како голобрадо момче во техниката, како камерман, а веќе 17 години е дописник од градот под Пелистер.

Тој е исклучително посветен на професијата, трудољубив и голем профсионалец,  кој новинарството го работи со огромна љубов и посветеност.

Покрај секојдневните бројни прилози, вести и животни приказни, кои ги објавува од Битола, негови позначајни остварувања се  сторијата за бабите од  Бабино, репортажата  за единственто дете од Железнец.

Наградата „Тоде Петрески“ на Стевче Митревски  во присуство на членовите на семејството Петрески и колегите новинари,  ќе му биде врачена  понеделник на 30 мај, во 11 часот, во  амфитеатарот на Славјанскиот универзитет во Битола.
Инаку Тоде Петрески ненадејно почина на 30 мај 2004 год.
Тој долги години беше дописник на Радио Скопје од Битола.Како новинар неколку години беше уредник на Дојче Веле во Келн, Германија и на белградскиот дневен весник „Политика“.
Долги години Тоде Петрески беше соработник на Битолски весник.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани