2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Игор Неделковски е новиот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола

Јуни 01, 2022

Професор д-р Игор Неделковски е новиот ректор на Универзитетот „Св, Климент Охридски“ во Битола, според првичните неофицијални податоци од изборите кои се одржаа денес во универзитетските единици.ж

Prof d r Igor Nedelkovski

Како што за Апла.мк соопшти претседателот на Универзитетска изборна комисија, проф. д-р Љупчо Кеверески, од 270 гласови Неделковски освоил убедливо најмногу , односно 157. Остнатите кандидати Данчевска Верица, Димовски Злате, Кекеновски Јове и Кочоски Љупче освоија помлаку гласови.

Од трети до шести јуни течат роковите за евентуални приговори, а на седми ќе биде објавен конечниот извештај со конечните резултати.

Неделковски е редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, како и проректор за наука на Битолскиот универзитет. На новата функиција ќе стапи од први октомври на местото досегашниот ректор Сашо Коруновски.

Ректор се избираше од редот на редовните професори на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, со право на уште еден избор. Право на глас за избор на Ректор од сите единици на УКЛО имаа 280 членови на наставно – научните, научните и наставничките совети во кои има претставници и од студентите.

Игор Неделковски на ректорското место доаѓа од Факултетот за информатички и комуникациски технологии каде е редовен професор. Дипломирал во 1990 година на Универзитетот во Битола, Технички факултет, машински отсек со што се стекнал со звање дипломиран машинскитетот за инженер. Магистрирал на Универзитетот во Белград, Машински факултет – Белград во 1993. Докторирал во 1997 година на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, Технички факултет – Битола со дисертација од областа на компјутерски поддржано инженерство, со што се стекнал со звање доктор на технички науки. Експерименталниот дел од докторските истражувања го реализирал на Политехничкиот универзитет во Варшава.

Од 1993 година вработен е на Техничкиот факултет – Битола како асистент. Избран е за доцент во 1998 година, унапреден во вонреден професор во 2003 година, а од 2008 година е избран во редовен професор. Од 2015 вработен е на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, при Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола

Проф. Игор Неделковски во периодот 2017-2019 беше декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола. Од 2019 до денес е проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани