АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На сите единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 1 јуни 2022 година од 12 до 14 ч. ќе се одвива тајно гласање за избор на Ректор, од петмина утврдени кандидати според азбучен ред на презимето:
1. Данчевска д-р Верица, редовен професор
2. Димовски д-р Злате, редовен професор
3. Кекеновски д-р Јове, редовен професор
4. Кочоски д-р Љупче, редовен професор
5. Неделковски д-р Игор, редовен професор
Ректор се избира од редот на редовните професори на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, со право на уште еден избор. Право на глас за избор на Ректор од сите единици на УКЛО имаат 280 членови на наставно – научните, научните и наставничките совети во кои има претставници и од студентите.
Универзитетот и неговите единици ја реализираат постапката за избор на Ректор во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Сенатот на УКЛО избра Универзитетска изборна комисија од седум члена и тројца заменици од редот на сенаторите, чиј претседател е проф. д-р Љупчо Кеверески, од Педагошкиот факултет – Битола.