АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новиот сет податоци од пописот во 2021 г. што ги објави Државна Статистика покажуваат загрижувачки податоци за Битола, кои само ги потврдуваат сомнежите дека градот се иселува. 38 проценти од вкупниот број на станови во Битола се празни, односно од 43 174 станови, 16 063 се ненаселени. Над 1 милион метри квадратни станбен простор остануваат неискористени. Населени се 27 661 стан во Битола, односно 2 милиони и 390 илјади метри квадратни.
Според последниот попис во Битола има 85 илјади жители. Од нив 69 287 жители живеат во градот, додека во селата кои припаѓаат на Општина Битола има 15 877 илјади жители
Во Битола живеат двајца стогодишни жители, еден има 99 години, четворица 98 годишници итн