АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од понеделник ќе биде обезбедена ампуларна терапија за болните од канцер во Службата за онкологија, соопштија од Клиничката болница во Битола. Од болницата велат дека проблемот настанал поради лошо планирање на ампуларната терапија од страна на претходното раководство, односно потребите од оваа терапија се поголеми од набавениот лек со тендер од минатата година.
„Менаџерскиот тим на Клиничката болница предводен од доктор Зоран Лазаров направи напори, а Министерството за здравство ни излезе во пресрет и пациентите в понеделник ќе ја имаат својата терапија. Последниот тендер беше направен во време на претходниот менаџерски тим кој испланирал 360 ампули што само во првите шест месеци од годинава се потрошени. Се работи за грешна проценка од нивна страна. Новиот менаџерски тим го согледа проблемот и почна да бара решение. Пациентите краток период сами си купуваа терапија, а Фондот му ги рефундираше средствата. Но, од понеделник ќе ја добиваат без проблем ампуларната терапија“, рече Сузана Конеска, портпарол на Клиничката болница од Битола.
Денес од Лигата за борба против ракот од Битола изјавија дека за дел од пацинетите со малигни заболувања во Битола недостигаат лекови за хемотерапија.
„На трети јуни на седница на Лигата констатиравме дека пациенти со малигни заболувања не добиваат редовно терапија, често се упатуваат сами да си ги набавуваат лековите. Овие лекови се многу скапи, пациентите кои имаат финансиска можност ги набавуваат, а потоа им се рефондираат средствата преку ФЗО. Но, некои пацинети не се во финансиска можност да ги обезбедат лековите “, рече Стојановски.
Од битолската болница изјавија дека за настанатата ситуација и претходно разговарале со Лигата за борба против ракот и дека менаџерскиот тим се обидува да обезбеди непречена хемотерапија за сите пацинети кои се лекуваат во Службата за онкологија во Битола.
„Сакаме да ги информираме пацинетите за било каков проблем да се обратат до нас заедно да изнајдеме добро решение бидејќи има волја од страна на раководството на болницата и на Министерството во интерес на пациентите да се решат сите проблеми кои ги наследивме од претходното раководство, а верувајте ги има многу“, рече портапаролката Конеска.