АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечерва во Малата сала на НУ „Завод и музеј“ - Битола ќе биде отворена изложбата
„Поречаните“ - Македонското Порече 1932 - 1933 год. посветена на работата на еден од најголемите полски етнолози и антрополози, Јожеф Обрембски.
Изложбата содржи материјали и теми на кои работел Обрембски за време на неговиот престој во Порече, и прикажува неколку значајни аспекти од секојдневниот традиционален живот на населението во дадениот предел.
Изложбата ќе биде отворена во 20 часот во Малата сала на НУ „Завод и музеј“ - Битола од страна на неговата Екселенција, Амбасадорот на Р. Полска во Р. Македонија г-дин Јацек Мултановски.