2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

(Видео) Филозофијата за среќа на Дино Мерлин во која ја спомнува и Битола

Јуни 12, 2022
Фото документарен филм на Ал Џезира за Дино Мерлин Фото документарен филм на Ал Џезира за Дино Мерлин

(инсерт од документарниот филм на Ал Џезира за Дино Мерлин) 

Еден од најсреќните моменти во животот на познатата босанска музичка ѕвезда Дино Мерлин, очигледно му бил концертот во 1985 година во Битола, кога не бил ни славен, а немал ни пари,  па спиел во комбе „застава“ на улица, но бил млад. Овие моменти тој ги споменува во документарниот филм што Ал Џезира Балканс го изработи за неговиот живот.

Во документарецот Дино се присетува дека во 2015 година бил во Скопје, Македонија, каде гостопримливите Македонци го сместиле во огромен, што би се рекло претседателски апартман. И додека размилувал што да каже при примањето на наградата, се сетил како пред 30 години, од тогаш, бил на концерт во Битола.

„И ми се враќа во сеќавање 1985 година, свиревме во Битола. Патувавме за Битола два дена, тоа беа стари патишта, со комбе ‘застава’ со 60 километри на саат, беше ладна салата, не беше полно со луѓе, не беше ни блиску како сега. Немавме за хотел и спиев во тоа комбе.

И сега се поставува прашањето на среќа и на живот. Од позиција на таа вечер помнината во комбето ‘застава’ во Битола и сега во претседателскиот апартман. Сега велаат сум успешен. И си мислам во себе меѓу таа 1985 и 2015 поминаа 30 години во кои ме чекаа полни сали, успешни приказни, цел овој сјај. А сега во следните 30 години ме чека болест, старост и смрт. Па, кога бев посреќен? Таа вечер во Битола во комбето или оваа вечер во претседателскиот апартман кога ова што е пред мене не е така ветувачки“, вели Мерлин во документарниот филм.

Осумдесетите години , па и деведесетите од минатиот век,  Битоа имаше гоелми концерти, макар и во студена спортска сала, која и денес тешко се загрева, но бендови од цела екс Југославија патуваа до најјужната точка во федерацијата за да одржат концерт. Денес, ваквите гостувања се ретки, а младите за да присуствуваат на концерт на поголема балканска или светска ѕвезда мора да патуваат барем до Скопје. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани