2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битола ќе продолжи да го слави Шекспир

Јуни 14, 2018

Новото раководство на Народниот театар од Битола годинава ќе го организира шестото издание на “Битола Шекспир фестивалот“ од 23 до 30 јуни. Иако манифестацијата се роди во време на претходната локална власт и беше еден од клучните културни настани на „Бит Фест“, културното лето што го организираше екс градоначалникот Владимир Талески, сепак фестивалот ќе продолжи да се одржува. Годинава за неговата организација ќе се погрижат Иван Јерчиќ, директор и Илина Чоревска, програмски директор на Народниот театар во Битола.

 

Тие сметаат дека паметно е да се продолжи традицијата зашто се работи за сериозен фестивал на кого гостуваат силни театарски продукции.

„Битола Шекспир фестивалот веќе неколку години е член на Асоцијацијата на европски Шекспир фестивали и е високо позициониран на европската мапа на фестивали со седиште во Полска. Како театар кој има поставено најмногу дела од Шекспир во Македонија и театар кој единствен од земјава гостувал во ‘Глоуб’ во Лондон, сметавме дека е паметна идеја да се продолжи традицијата“, рече Иван Јерчиќ, директор на Народниот театар од Битола.

Фестивалот ќе се отвори со претставата на Народниот театар од Битола „Јулие Цезар ( RES PUBLICA или COSA NOSTRA)“ на 23 јуни со почеток од 20 часот во Народниот театар во Битола. Осумте фестивалски дена ќе бидат исполнети со 12 настапи на театари од Хрватска, Унгарија, Романија, Казакстан, Турција, Црна Гора и дуги држави. Претставите ќе се одржуваат во Народниот театар и Центарот за култура. Како куриозитет се истакнува настанот на 29 јуни кога „Краков сингрс“ од Полска придружувани од големиот уметник Станислав Сојка ќе одржат концерт на кој ќе ги испеат сонетите на Шекспир.

Годинава нема да настапи театарот „Лит Мун“ од Санта Барбара, нити ќе режира Џон Блондел од САД, кои до лани беа едни од најредовните гости на фестивалот.

„ Соработката со нив може да продолжи, но оваа година не ни пријавија некаква претстава со која би дошле на фестивалот“, рече Јерчиќ.

Фестивалот годинава е поддржан со 2 милиони денари од Министерството за култура и со 1,5 милиони денари од Општина Битола. Тоа е за 600 000 денари помалку од лани, но од Театарот велат дека ќе бидат доволно за да ја организираат манифестацијата каде се очекуваат дури 500 гости. Некои театарски ансамбли ќе бидат присустни друи со 65 актери и друг вработен песонал, како што е Црногорскиот народен театар од Подгорица со чија претставата „Зимска бајка“ ќе се затвори „Битола Шекспир фестивалот“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани