АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пет лица биле пренесени во Клиничката болница во Битола по сообраќајна несреќа која попладневно се случила кај Тополчани, на патот од Прилеп за Битола. Сите се надвор од животна опасност, а меѓу нив има и дете, соопшти за Апла.мк, портпаролката на Клиничката болница од Битола, Сузана Конеска.
„Сите петмина беа пренесени во болницата во Битола и прегледани. Двајца од повредените беа на Одделението за ортопедија, а по укажаната лекарска помош пуштени на домашно лекување. Другите тројца се на Одделението за неурохирургија и им е укажана потребната лекарска помош. Меѓу прегледаните има и дете кое не е повредено и ќе биде пуштено дома, а другите двајца пацинети ќе бидат задржани за понатамошно лекување“, рече портпаролката Конеска.
Сообраќајната несреќа ја потврди и портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова. Во неа учестувале три возила, а подетални информации од полицијата најавија за подоцна. .