2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

МАКЕДОНИЈА Е НАШЕТО ИМЕ И КОД, ПОРАЧА МИЦКОСКИ ОД БИТОЛА (фотогалерија)

Јуни 17, 2018

Македонија е нашето име и нашиот код, затоа го повикувам народот и понатаму да продолжи нашата земја да ја вика Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот протест во Битола организиран против потпишувањето на договорот за промена на името.

Протестот почна два часа по потпишувањето на договорот за промена на името, со поворка која скандираше „Македонија“, но се носеше и крст, а се пееја и  погребни песни и стихови од панихиди посветени на лицата кои учествуваа во договорот со Грција. Поворката се движеше од спортската сала во Битола кон градскиот плоштад. Се вееја знамиња со 16 кракото сонце, се носеа транспаренти со содржина „Едно име имаме и не го даваме“. Патриотските здруженија носеа транспаренти со мисли на Тодор Александров, како оваа: „организацијата е народот, народот е организацијата“, како и знамиња на кои беа исцртани ликовите на обвинетите за настаните во Собранието на 27 април, Никола Митровски – Кољо и Александар Василевски – Нинџа, кои откако сами им се предадоа на полициско-судските органи, сега се во притвор.

"Македонија е зафатена од силен ураган  со име и презиме Зоран Заев. Имаме Влада која го има епитетот капитулантска. Не само што нема поведа, нема славење, напротив луѓето тагуваат и плачат. Тоа е класичен пораз и капитулација. Во исто време овој ист човек ја лажеше јавноста дека нема да прифати промена на устав со цел промена на уставното име. На вакви луѓе дури и Барон Минхаузен може да им позавиди", рече Мицкоски. 

За актуелната Влада, повикувајќи се на мисла од Григор Прличев од пред 150 години, рече дека на тие глумат светци, а во срце се волци.

"Презедоа чекори со кои ја избришаа Македонија. ВМРО -ДПМНЕ е застаната цврсто  на нозе и ќе се спротивстави со сите демократски и правни средства на оваа капитулација.Нема да поддржи промена на устав, а со цел промена на уставното име. Јас од срце кажувам и со здрав разум зборувам никогаш, по нуту една цена, макар таа да чинела и живот, нема да го поддржам ова капитулантско дело на Заев", рече Мицкоски. 

Тој во својот говор на плоштадот Гоце Делчев во Битола истакна дека Македонија е името по кое се разликуваме  од другите, тоа е нашиот код. 

"Народе македонски, време е да ја дигнеме Македонија на нозе", рече тој. 

По говорот на Мицкоски следуваше повик од локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски, да положат цвеќе пред Споменикот на двата Илиндена кај Центарот за култура во Битола.35531962 401463633670342 6374072045285670912 n

35518705 401463083670397 2848749123358687232 n

35533270 401463740336998 6322730504445493248 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани