АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈКП „Комуналец“ Битола постојано во оваа сезона ги чисти дивите депонии во градот, но тие повторно и повторно никнуваат на истите места. Она што е 'непоправливо' кај битолчени е што секојдневна е сликата гломазниот отпад да го фрлаат каде сакаат, да создаваат диви депонии или да го оставаат до контејнери. Па така се околу контејнерите по главните улици е со стар мебел, поќуќнина, ѓубришта од реновирање на тоалетите. Срамот е кај несовените граѓаните, кои постојано и постојано ги повторуваат истите слики.
ЈКП „Комуналец“ денеска повторно беше на терен во расчистување на дивите депонии во срцето на градот. Локации кои се на очиглед и на туристите.
-Чистење на диви депонии на ул.„8-ми Март„, „Св.Наум“ , во непосредна близина на детскиот парк „Ѓорги Сугарев“, како и локации во близина на ЈП Стрежево Битола!