Општина Битола објави дека од среда почнуваат градежните активности за новиот парк во Довлеџик
По подготвителните теренски активности во изминатиот период, утре екипите на КЈП „Нискоградба“ ќе направат технички вовед со службите од општината и надзорот, а во среда ќе започнат со градежните работи на градскиот парк во Нова Битола.
По сондирањето на јавното мислење на жителите во Нова Битола, локалната самоуправа презеде чекор за уредување на површина од 25.000 метри квадратни, која досега воопшто не беше одржувана и употреблива, со што ќе се добие нов парк. Покрај хортикултурно и партерно уредување, паркот ќе содржи спортски и детски реквизити, урбана опрема и соодветно осветлување, со што граѓаните и посетителите на Битола ќе добијат ново место за одмор и рекреација, како и за игра и забава на најмладите.
Општина Битола во континуитет работи на подобрување и обезбедување на поквалитетна животна средина, соопштија од Општина Битола .