2win800x200

Општинскиот инспекторат беше на 'авто плацот' во Нова Битола и побара да се отстранат хаварисаните возила и возилата на зелена површина

Август 23, 2022

Општинскиот инспекторат денеска беше на улица Смилевски Конгрес и затекна хаварисани возила на јавните површини и оставени автомобили на зелени површини. Од она што може да се види на терен, е дека затекнати се шест возила на недозволена јавна и зелена површина и сите се означани со налепници за отстранување од Општина Битола. Инспекторатот постапи откако  жители од околните згради се пожалија во медиумите дека на  јавните зелени површини и на самиот асфалат на улицата оставени се неколку десетици автомобили, а самата локација е претворена во своевиден авто плац за половни автомобили. 

-Општинскиот инспекторат, по извршениот теренски увид на посочената локација, веќе постапи согласно своите законски надлежности во делот на хаварисани возила и возила на зелена површина. За паркирани возила на сообраќајница (улица),  постапува полицијата според Законот за безбедност во сообраќајот, соопштија од Општина Битола за Апла.мк .

Од СВР Битола за овој случај велат дека ќе се изјаснат во текот на утрешниот ден. Она што жителите од околните згради очекуваат  од полицијата е да ја расчисти улицата од паркираните возила, без оглед дали се хаварисани или во возна состојбата, без оглед дали се на самите станари на околните згради или пак се таму за  друга намена. Жителите од овој крај велат дека паркираните возила на самата улица ја доведува во прашање безбедноста на возачите, пред се заради непрегледност на теренот. 

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани