2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Шума со боја на хризолит го чува манастирот „Св. Ана“ во Маловишта

Август 07, 2022
 

Со интензивна зелeна боја, во нијанси приближнo на полускапоцениот камен хризолит, обоена е буковата шума околу манастирот „Света Ана“ над пелистерското село Маловишта. Манастирот, кој бил изграден пред 84 години, а постојат податоци дека храм имало и во 18 век, денес збира гости за својата слава. Патот до храмот е земјен , стрмен и се минува пеш. Не се заборава убавината на теренот, посебно зелената боја на шумата.

„Ова е неверојатно, цел живот планинарам, но оваа зелена боја е магична. Додека дрвјата зеленеат, патот е прекриен со лисја изпаѓани од есента. Во селото е сончево, а шумата е во сенка од букови стебла. Во Маловишта е топло, а на манастир свежо зашто е подигнат на 1.410 метри надморска височина. Ова е Пелистер и не само моликата, туку и буката знае да биде чудесна“, коментира планинарот Никола Митревски.  Sv. Ana Malovishta3

Манастирот е оддалечен од селото Маловишта два и пол километри. Се стигнува единствено по стрмен планински пат. Тука никакво влијание нема извршено цивилизацијата, па патот е оставен онака како што го обликувала природата со децении. Од страните висок, а на средина вдлабнат. Минувачите мора да внимаат каде се движат зашто прекриен е со дебел слој листови и не можат точно да видат дали газат на земја, камен или корен од дрво. Местото изобилува со изворчиња и осојничаво е, посебно во услови на дождливо време. Сепак, сè заедно дава несекојдневно уживање во боите на природата, звуците на птиците и чистиот пелистерски воздух. Во оваа густа шума која е дел од Националниот парк Пелистер нема ни грам од штетените ПМ10, и ПМ2,5 честички или уште помала ситна прашина.

По напорната патека, манастирот е место за починка, засолниште доколку има невреме и секако за молитва на верниците. Има многу легенди за неговата чудотворна моќ. Некои веруваат дека дава пород, а други со ноже делкаат од кората на старото стебло вградено во храмот и ја носат дома со надеж дека ќе им донесе среќа во семејството, а трети пијат од изворот верувајќи дека е лековит..

Местото изобилува со спокој, а манастирот со икони, дел изработени во 1930-те години. Има и постари на кои им е потребна реставрација.Sv. Ana Malovishta5

„Света Ана“ е опколена и со други храмови, како што е црквичката „Свети Спас“ високо во планината под врвот Пирамида на 2.000 метри надморска височина. Оние кои сакаат да останат и да уживаат подолго во овој крај, каде секое годишно време има своја убавина, може да преноќат во конаците. Има трепезарија и топло огниште, зашто тука вечерите и преку лето се свежи. Другиот ден, можности за прошетки има многу, една од обележаните патеки води за Копанки, каде пеш се стигнува за неполни две часа.

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани