АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Оваа година на Универзитет „Св Климент Охридски“ во Битола во новата 43 генерација се запишаа нешто над 1100 бруцоши на сите факултети каде имаше вкупно 2600 слободни места.. Ректорот Игор Неделковски вели дека бројката е слична на ланската, односно има благ пад, што според него е очекуван тренд со оглед на демографските процеси, односно падот на наталитетот, намалување на бројот на завршени матуранти, масовното иселување од државата, како и запишувањето на младите на странските универзитети.
Тоа е благ пад во однос на минатата година што се јавува на сите македонски универзитети пред се поради демографските процеси и отворање на границите за странските универзитети. Изминатите години имаше зголемување на бројот на домашни студенти затоа што странските универизтети не примаа странски студенти поади КОВИД пандемијата, вели проф.др Игор Неделковски, ректор на УКЛО
Целта е да се задржи ова ниво на запишани студенти и во следните три години, а се најавува развој во вториот и третиот циклус на студии, затоа што очигледно е дека на додипломски студии, домашните универзитети не можат да привлечат поголем број ученици
-Ние ќе бидеме задоволни како Универзитет ако ја задржеме оваа бројка во следните 3 години да имаме над 1000 студенти, а посебен акцент да му дадеме на вториот и трет циклус на студирање, магистерски и докторски студии, бидејќи таму има простор за развој, додека на прв циклус не очекувам драстични промени, затоа што 95 проценти од матурантите се запишуваат на факултет, вели ректорот Неделковски.