2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ученици од графичката струка при „Таки Даскало“ печатеа на копија од древната Гутенбергова преса

Октомври 05, 2022

Во рамките на вежбите и практичниот дел од часовите по стручните предмети во графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ - Битола, учениците од профилот графички техничар, образовните асистенти, како и одговорните наставници Катерина Спасовска-Маурдева, Валентина Ристеска и Весна Мундишевска-Велјановска ја посетија книговрзувачката работилница „Книговез“ и Националната работилница за рачно изработена хартија „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Учениците имаа можност да ја видат уметноста и уникатноста во графичкиот занает. Посетата се реализира со поддршка на директорот на СОУ „Таки Даскало“ Ристо Грујовски и Општина Битола.

Во Националната работилница за рачно изработена хартија ја видоа древната постапка за добивање на хартија, научија за специфичните карактеристики на суровините што се користат во овој процес и имаа чест да отпечатат на една од двете копии на Гутенберговата преса која се наоѓа во овој музеј, а другата во Блед, Словенија. Продажните експонати во музејот пленеа со својата уникатност и оригиналност и беа добар пример како треба да се негува традицијата и уметноста.

книга

Во работилницата „Книговез“ се запознаа со постапките на рачната изработка на тврдо поврзување на нотеси од самиот почеток па сѐ до финален производ. Имаа можност да ги видат и да ракуваат со приборот и алатите што се користат во овој процес. На среќата ѝ немаше крај, кога учениците добија готов графички производ изработен со сопствени раце.

309205921 507797311356054 7032776490846171039 n

Ваквата посета беше продуктивна и од претприемачки аспект бидејќи учениците имаа можност да видат и начин на заработка со голема креативност и, секако, примена на знаењата стекнати на часовите по графичките стручни предмети.

ученици

ученици2

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани