2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Владина делегација предводена од министерката за култура оддаде почит за Денот на народното востание - 11 Октомври во Прилеп

Октомври 11, 2022

Владина делегација во состав Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура; Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и Џемил Ќамили, в.д. директор на Агенцијата за поттикнување за развој на земјоделството го одбележа државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, во Прилеп, градот херој од каде што започнува македонското востание против фашизмот и Народноослободителната борба.

Владината делегација положи цвеќе на споменикот на Методија Андонов –Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу, а се поклони и пред бистите во Алејата на народните херои и положи цвеќе пред споменикот „Жена борец“, и пред Могилата на непобедените.

Годинава, државниот празник 11 Октомври, кога го одбележуваме денот кога македонскиот народ се крена на востание во Втората светска војна, се одвива под мотото „Секогаш на вистинската страна“.

0

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани