2win800x200

Општина Битола со 2.4 милиони денари ќе помогне за нова инфраструктура во НП Пелистер Битола

Октомври 25, 2022
Советот на општина Битола со финансиска поддршка на дополнителни содржини за реализација на проектот: Изградба на авантуристички парк во НП ПЕЛИСТЕР
На седница за комисија за туризам извршена е измена на програмата за туризам. Општина Битола со поддршка од 2.4 милиони денари за НП ПЕЛИСТЕР за обнова на постојната и изградба на  нова инфраструктура во НП ПЕЛИСТЕР, објави советникот Бојан Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ.
Според него средствата ќе се вложат во: 
- Изградба на мали придружни објекти во рамките на Авантуристичкиот парк
Ревитализација и соодветно уредување на патека по камењар
- Уредување и ревитализација на пешачка патека - детска едукативна патека
- Уредување и ревитализација на велисипедска патека од с.Магарево - Голема ливада - Цапарска пресека - Инфо центар
 
На  комисија, барањето од НП ПЕЛИСТЕР беше едногласно поддржано од сите присутни членови.
Ваквата поддршка која локалната самоуправа ја дава не е за прв пат кон централните институции и треба да биде пример и за Владата за тоа како треба да бидат подржани сите проекти кои ќе значат додадена вредност за сите граѓани без оглед дали централната и локалната власт не се од иста политичка партија, објави Бојкоски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани