2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општина Битола и полицијата ќе бараат трајно решение за проблемот со чешмата „убиец“ во Кисела Вода

Октомври 28, 2022

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановскии претставници на СВР Битола, дене  извршија увид во месноста Кисела вода, каде се наоѓа чешмата, која за жал во последните две децении одзеде повеќе животи. Во разговорот со дел од жителите од околните населени места, беше истакнато дека досегашните решенија на поставување челична ограда и табла како предупредувачки знак за опасноста која се заканува, не дале резултат, поради што неопходно е во решавањето на проблемот да се пристапи со вклучување на стручни лица од сите институции надлежни за оваа проблематика.

Иако едукативното и советодавно делување кај населението е доста важно и истото веќе се спроведува, Градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината ќе се заложи за што е можно побрза координација со државните институции и извршување на соодветна интервенција која нема да дозволи, несреќите да се повторуваат, информираат доцна вечерва од Општина Битола

Завчера двајца браќа на возрастод 63 и 68 години се задушија од јамската чешма во месноста Кисела вода во близина на Битола, од отровните гасови кои повремено ги испушта изворот. Во изминатите години озлогласената чешма однесе повеќе човечки животи, меѓу кои и двајца матуранти кои слегоа во јамата да се напијат вода и се задушија од отровниот гас. 

 

kisela voda 04
 
kisela voda 06
 
kisela voda 09
 
kisela voda 14
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани