АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола и „Ротари клуб Битола“ потпишаа договор за донација и комплетна санација на чешмата во комплексот „Офицерски дом“ Битола. На санацијата и претходи изработка на основен проект, по кој е издадено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, согласно одлуката донесена од страна на Советот на Општина Битола.
Договорот беше потпишан од страна на градоначалничката Наташа Петровска во име на Општина Битола и од Никола Главинче, претседател на „Ротари клуб Битола“.
„Сега, навистина имаме проект, кои што е од огромна важност за Битола и битолчани, кој што заслужува големо внимание од страна на сите нас. Нашата мисија како ротаријанци е да помагаме и да дадеме свој придонес за поубава Битола, во која што сите ние живееме“, рече Никола Главинче.
Градоначалничката Петровска се заблагодари за соработката и посочи дека една од нејзините заложби како градоначалник беше токму реставрацијата на Офицерскот дом.
„Ќе добиеме еден простор со кој ќе се гордееме сите, а реализацијата на овој капитален проект e од огромно значење за Битола и битолчани“, посочи Петровска.