АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ставрев има полни 81 година, кариерата ја започна како новинар во Радио Битола, продолжи со работа како дописник на весникот Вечер, а во меѓувреме беше соработник со Битолски весник, Нова Македонија, стартуваше како главен уредник во ТВ Тера од почетците во 1993 година. Во меѓувреме беше активен и во ТВ Орбис. Ставрев е автор и на документраните емисии „Патуваме откриваме“, како и музичката емисија „Двапати исто, но сепак различно“ на ТВ Тера. Со новинарски ангажман моментано е во весникот „Пензионер“, а подолго време го подготвуваше и весникот „Занаетчија“ во Битола.
Ставрев остава значен белег во градот како хроничар, фоторепортер на Битола. Своевремено беше и прв човек на Фотосојузот на Македонија. Располага со илјадници фотографии од Битола, од настани и личности поврзани со градот. Тој е долгогодишен љубител на планината и зад себе има многу подвизи, меѓу кои и искачувањето на Мон Блан во 1998 година.
Тој се уште е активен планинар, а на тема Пелистер и убавните на планината направил повеќе изложби. Меѓу првите ја воспостави навиката на 2 јануари планинарите и вљубеници во планината да се искачат на врвот Пелистер на Антена и на вработените да им посакаат успешна година со шампањско.
И во овој момент Ставрев останува активен во новинарството, фоторепортерството и планинарењето..