2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битола одбележува 78 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор

Ноември 03, 2022

На 4 ноември 1944 година, по четиригодишна окупација, македонските борци го ослободија градот Битола.

По капитуилацијта на Бугарија, продолжувајќи ја борбата против германските единици што се повлекувале од Грција кон Албанја и Србија, борците на 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чии рамки влегувале борците од Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред, а нешто подоцна и борците на Леринско костурската бригада, уште позасиелно ги напаѓале германските колони и им нанесувале тешки загуби во луѓе и техника.

 
Беа ликвидирани непријателските  упоришта во непосредна близина на Битола односно кај село Крклино и Могила. 
 
Од друга страна кон 20 октомври 1944 г. Леринско-костурската бригада, по наредба на Штабот на 49. дивизија на НОВ и ПОМ, ги затворала патните правци Лерин-Битола и
Меџитлија-Битола и во реонот на битолските села Породин, Кравари и Бистрица имала повеќе напади врз германските моторизирани колони кои се повлекувале од Грција.
 
Утрото на 4 ноември 1944 година, единиците од 49.дивизија на НОВ и ПО на Македонија, победоносно влегле во Битола каде биле со воодушевување пречекани од граѓаните. Во четиригодишната херојска Националноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, граѓаните на Битола и Битолско дадоа значаен придонес, а околу 266 борци ги положија своите животи во нерамноправна борба со бугарските, италијанските и германските фашистички окупатори и нивните домашни слуги.
 
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани