АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изложба во РЕК Битола по повод 40 години од почетокот на производството на електрична енергија од комбинатот
Во пресрет на одбележувањето на 40 години од производството на првите киловати електрична енергија од РЕК Битола, во кругот на комбинатот поставена е изложба на извадоци од Битолски Весник, кој како локално медиумско гласило ја следел и известувал за изградбата на РЕК Битола, како и за работењето на комбинатот од неговите почетоци до денешни денови.
Изложените текстови сведочат за значајни државни одлуки донесени во времиња кога се структурирал енергетскиот сектор, за големите градежни зафати на терен во Пелагонија и за производството на јаглен и електрична енергија за снабдување на државата.
Раководството на АД ЕСМ и на РЕК Битола искажаа благодарност до медиумот за повеќедецениското известување и за сочувувањето на сеќавањето и историјата за назначајниот енергетски објект во Р. Северна Македонија.