2win800x200

Промоција и афирмација на германскиот јазик, учениците од Гимназијата "Јосип Броз-Тито" организираа флешмоб

Ноември 14, 2022

По повод Денот на Младиот читател, како и за промоција и афирмација на германскиот јазик, учениците од Гимназијата "Јосип Броз-Тито" организираа флешмоб, под менторство на професорките Ирена Петровска, Нина Илиќ и Марија Стојановска.

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат, надвор и споменик
Идејата дојде од самите ученици на часот по германски јазик, кога тие учеа и читаа текстови за флешмоб. Со поддршка на Младинскиот Совет при Општина Битола и соработка со "Анастасија центар" ја реализиравме нивната идеја. Учениците активно и посветено се спремаа еден месец, беа редовни на многубројните проби, а посебно за пофалба се машките ученици кои на почетокот делуваа многу несигурно.
Целта на флешмобот е да се поттикнат учениците да читаат, бидејќи книгата им отвора нови светови, но и да изучуваат странски јазици кои се прозорец кон светот. Токму затоа избравме стара и многу позната германска песна. Освен тоа, уште на самите проби учениците покажаа одговорност, меѓусебно помагање и емпатија што е многу важно за нив.
Упатуваме голема благодарност до Општина Битола, "Анастасија Центар", и козметичкото студио "ИВА" за финансиската поддршка, како и до сите вработени во Гимназијата за покажаното разбирање за нашите проби.. 

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Можно е да е слика од 6 луѓе и луѓе што стојат

Можно е да е слика од 9 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Нема достапен опис
Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани