2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Нов тендер за избор на изведувач за изградба на пречистителна станица во Битола

Ноември 18, 2022

После неуспешното спроведување во 2020 година, повторно се обновува постапката за проектот „Изградба на пречистителна станица и реконструкција и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола”, со кој Битола треба да добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во градот и околината. Тендерската постапка ја објави Министерството за финансии, преку единицата за централно финансирање и склучување на договори, а крајниот рок за доставување на понуди е 21.02.2023, информираат од Општина Битола

Работите на канализационата мрежа ќе опфатат:

- изградба на околу 9 километри нова канализациона мрежа

- реконструкција на околу 13 km постоечка канализациона мрежа

- проектирање и изградба на две пумпни станици и потисни цевки од околу 5,6 km, и

- проектирање и изградба на главен канализациски колектор на улица Широк сокак и Солунска со метод на микротунелирање со приближна должина од 325 m.

Вкупната вредност на овој проект кој е финансиран од ИПА 2 Програмата, преку Секторот за заштита на животната средина и климатски промени изнесува 27,8 милиони евра.

Со реализацијата на проектот ќе се реши проблемот со отпадните води кои во моментот се испуштаат во реката Драгор и Петтиот канал, како и излевањето на канализацијата на повеќе локации во градот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани