2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Канџите на булингот (потресно сведоштво на 12 годишно девојче изложено на врсничко насилство)

Ноември 18, 2022
Илустрација интернет Илустрација интернет

Потресно сведоштво на 12 годишно девојче кое е изложено на врсничко насилство од најмали нозе. Таа  се мотивираше да го напише ова писмо  откако  слушна за трибината  „Не за врсничко насилство“ што се одржа во Битола по повод Светскиот ден за превенција од насилство врз децата, во органзиација на  Правната клиника на Правниот факултет во Битола и Ротари клубот Пелистер. Го пренесуваме интегрално, но секако, идентитетот на девојчето останува заштитетен. 

 

 

Од секогаш сум била дружељубива, сакав со секого да се запознам и дружам, но денеска се прашувам „Која е поентата?“...

Мојот прво соочување со „булингот“ беше кога бев во градинка, (ееј во градинка!) и тоа со девојче кое почна да ме „мајтапи“ за тоа што татко ми е мртов. Јас не знаев што да речам, дали воопшто да вратам нешто, но сепак ѝ реков: „Јас имам татко, само што тој е на небото, па и мене и тебе не гледа“. Денес тоа девојче има фамилијарни проблеми, а на мене се потпира. Таа случка се случи пред години... не ја заборавив, но нема да дозволам да ни го спречи нашето денешно пријателство.

            Откако започнав на училиште, се си врвеше добро, се дружев со сите, но кога сега ќе подразмислам, јас немав вистински другари, тоа беа само деца со кои се познавам и ништо повеќе. После училиште одев и во престој, каде пишувавме домашно и го исполнуваве слободното време во игра, е една од тие игри беше фудбалот. Јас од дното на душата го сакав ( и сеуште го сакам) фудбалот, но никое друго девојче не играше. Го паметам моментот кога отидов и најкултурно ги запрашав момчињата дали би можела да играм со нив. Ми се смееа, сите до еден. Ги осетив солзите, но успеав да се воздржам и продолжив.По денови „молење“ ме примија, еднаш, па два пати, па три се додека веќе не прашував и си се осеќав олеснето. Денес тие истите деца ме викаат надвор секој ден, а кога играме фудбал, им сум прв избор. Имав и други моменти како тие, на пример еднаш кога поголемите момчиња ме ѕиркаја додека бев во веце и ми зборуваја глупости. Се осејкав тооолку усрамена и години не одев во веце надвор од дома и едноставно „држев“. Тоа ми направи сериозни здравствени проблеми во организмот, за што? Поради некој деца кои не мислат правилно, а потем кога ми изразуват љубов се чудат зошто биле одбиени.

            Поминаа години, стигнав и 6то/7мо одделение, и никоја случка не ме повреди толку емотивно, ментално, па и физички како следнаваа...

            Кога ќе пораснам сакам да успеам се можно, па и тоа што не е, како на пример да се запишам во „Ivy league“ училиште и да сум прва на натпревари, па затоа ова време седев и учев се повеќе. „Булингот“ започна преку интернет ...Пишуваа коментари :„Оваа бубалица не видена!“, „Боо, само учиш чоек, па се чудиш после зошто немаш другари“ и други непотребни коментари. Ме тероризираа за сите мои лични ставови. Како тоа ги прифаќам сите луѓе, црни или жолти, христијани или муслимани, дел од „lgbt“ или не, јас ги почитувам дека се луѓе како и мене и тебе, но моите нови соученици не се согласуваа... Помина време и дојде и моментот кога и неколкуте девојчиња со кои излегував секој ден, ме оставија, ме исфлија, ме лажеа...

После ова се јас престанав да излегувам, имав големи промени во апетитот, голема недоверба во луѓето околу мене, си пишувавв навредливи писма до себе, кои потоа ги кинев или горев, верувајки ќе ми помогне некако, секоја вечер си легнував со плач, знаејќи ја вистината, а упорно чекајќи ја таа порака од онаа со која растев заедно, мојата најдобра другарка, „Извини, навистина, сега разбирам беше во право, ќе ми простиш?“,ние сепак сме само деца.

3 и пол месеци подоцна ништо не е исто. Ситуацијата ја пребродив. Но, заради нив немам доверба и неможам да зборувам со луѓе, немам желба за социјализација бидејки си велам дека секогаш ќе е исто или ќе ме судат за тоа што сум јас јас...едноставно влегов во мрежата на т.н. „social anxiety“.

На крај заклучувам дека јас се променив, дали на полошо и подобро ќе покаже времето, но вас ве молам мислете пред да направите вакви работи...да не го осудите некој да го напише своето писмо за довидување. Би сакала да им се заблагодарам на секој кој ми направил и добро и лошо бидејќи баш тоа ми помогна после борење да се најдам која сум, а особено благодарение до жената која беше до мене целиот пат, мајка ми, бидејќи само заради неа не го завршив моето писмо и не го напуштив овој свет.

Искрено ваша X.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани