2win800x200

Конструктивна средба со добри предлози на битолските новинари со претседателот на ЗНМ Чадиковски

Ноември 23, 2022

 

 
Новинарите од Битола денес остварија конструктивна средба со кандидатот и актуелен претседател  на ЗНМ, Младен Чадиковски. На средбата беше разговарано за понатамошно подобрување на состојбата во локалните и регионални медиуми и општо во новинарството. На средбата беше истакнато дека треба да продолжат разговорите за Фонд на медиуми со кој ќе се финансираат квалитетни новинарски продукти,  ќе се подигне стандардот на новинарите и состојбите во  медиумите. Присутните се согласија да продолжат напорите на ЗНМ за постојани средби,  тренинзи,  обуки на ниво на регионалните центри на ЗНМ за да заживее новинарската солидарност на ниво на цела држава. Присутните се согласија на следното изборно Собрание да поддржат и свои кандидати со цел поголема застапеност во телата на здружението. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани