Општинската организација на СДСМ Новаци денеска обвини дека градоначалникот Стевче Стевановски од редовите на ВМРО ДПМНЕ со украден говор од градоначалник на општина Кисела Вода дал отчет пред граѓаните за сработеното.
Од СДСМ објавија дека -„Градоначалникот Стевановски ај што знаеме дека лажи, не знаевме дека ќе отиде до таа крајност и дно за својот говор,односно отчет, потполно да го укради текстот од А до Ш од говорот за отчет на починатата градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец од пред 5 години.
Лошиот и неук ПР ги изгубил новинарските способности до таа мера што му дозволи на Стевановски да се избрука пред
целата јавност, велат од СДСМ.
-Толку сте неспособни што не можете ни еден говор сами да си составите па општина ќе водите.Чекате се на готово како проектите од СДСМ .
Провидни сте! Разоткриени сте! Жителите на Општина Новаци мора да ја знаат вистината!, велат од СДСМ