2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

АД ЕСМ е производител на електрична енергија и 100% ги снабдува домаќинствата, ЕСМ Продажба набавува струја за дополнителни снабдувања по одлуки од Влада

Декември 01, 2022

АД ЕСМ е производител на електрична енергија и со сопствената произведена енергија го снабдува ЕВН Хоме за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Снабдувањето се врши 100 процент

но, по задолжение добиено од Владата, наместо 60% како што е по законот, а се со цел да се обезбеди електрична енергија по пониска цена и да се спречи енормен раст на крајната цена за домаќинствата.

ЕСМ Продажба ДООЕЛ е фирма ќерка на АД ЕСМ која врши набавки и продажби на електричана енргија за дополнителните снабдувања по одлуки на Владата, односно субвенционирано снабдувања за три категории субјекти: училишта, прехранбена индустрија и водостопанства, како и за техничките потреби на мрежите на Електродистрибуција и МЕПСО, за да не дојде до покачување на крајната цена на струјата за граѓаните.

По препорака од Владата, ЕСМ Продажба снабдува и одреден број витални објекти, како болници, клиники, детски градински и субјекти од државно значење, по берзански цени, но со помала маржа во однос на другите понудувачи, со што обезбедува поповолни услови и за оваа категорија потрошувачи, додека истовремено остварува профит од тргувањето.

Во однос на начинот на плаќање на електричната енергија при нејзина набавка, истата секогаш се плаќа авансно и наведениот начин се користел и во времето кога имало други раководни структури во АД ЕСМ.

Доколку било кој субјект има сознанија за фирма која продава електрична енергија а истата не ја наплаќа авансно, го повикуваме да ја препорача до ЕСМ Продажба. Би сакале да напоменеме дека истата не би требало да биде од рангот на досега препорачаните непостоечки и фантом фирми за снабдување со гас и мазут.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани