АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот Баир, веќе четврта година е фокус на акцијата за негово зазеленување под мотото Зелен Баир. Оваа година битолскиот холдинг БВ бизнис груп и со обезбедување на сите садници и со лична работа на денот на засадувањето се вклучи во граѓанската иницијатива Зелен Баир во соработка со Центарот за европски развој и интеграција.
„Заштитата на животната средина е инвестиција во иднината. Целта е да насадиме што повеќе дрвца сега околу Кркрдаш, за да ги видиме резултатите по неколку години. Дрвата не ги садиме само за себе туку и за идните генерации“, изјавија од БВ бизнис групацијата.
Во оваа акција како и изминатите години учество зедоа членовите на здруженијата кои се дел од платформата ЗЕМИ ЗДИВ. Во претходните 3 години на ЗЕЛЕН БАИР беа засадени 400 зимзелени садници од кои дел успешно се адаптираа и веќе го зазеленуваат просторот. Оваа година беа пополнети празнините во веќе засадените леи и беше отворен нов појас во кој се засадени новите садници од црн бор.
„Не радува што има комапнии кои го препознаваат значењето и на засадување дрва и на тоа да се биде општествено одговорен. Овој холдинг како општествено одговорна групација на компании ја препознаа нашата заложба за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и ни помогнаа во набавката на садниците и со својот тим се вклучија во реализација на акцијата за пошумување.„ - истакна Мирко Наумовски од иницијативата Зелен Баир.
Заложбата на ентузијастите собрани околу иницијативата Зелен Баир е обнова на поранешната борова шума на ридот Баир која има функција на бели дробови на градот, и создавање уште еден простор за рекреација на битолчани.