2win800x200

Нашата Искра Нечаковска се закити со бронзен медал на Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Колумбија

Декември 12, 2022
На 19 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, на која Македонија со свои ученици учествува од 2017 год., тимот од Македонија освои 4 бронзени медали, и тоа:
• Искра Нечаковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола,
• Теона Ана Георгиевска, ученичка во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје,
• Даниел Христов, ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“ - Штип,
Михаил Шапчески, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.
На олимпијадата успешно се претставија и учениците
• Марко Серафимовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје и
• Олег Трајковски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Битола.
Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), кое во соработка со Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодарува на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот, објавија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.

 

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и текст кој вели „LOMBIA 2022 2022 19th| International Junior Science Olympiad US“

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Можно е да е слика од 12 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани