2win800x200

10 проценти од 330 студентки во земјава признале дека биле сексуално вознемирувани-истражување на професорите од Правен факултет Битола

Декември 15, 2022

Десет проценти од 330 студенти од девет универзитети во Македонија опфатени  со истражувањето признале дека биле сексуално вознемирувани на универзитетите. Тие се припаднички на женскиот пол, а како вознемирувачи се јавувале во прв ред колеги, дури потоа професори и на крај административно-техничкиот персонал. Ова го покажа истражувањето „Сексуално вознемирување на универзитететите во Република Северна Македонија“ спорведено од професорите Ангелина Станојоска, Ице Илијевски и Ивона Шушак- Лозновска.  Истражувањето траеше година и половина и резултатите се публикувани во монографија.

„Над 80 проценти од студентите кои посочиле дека биле сексуално вознемирувани за нивното искуство кажале или на нивните пријатели, колеги или на родителите. Тоа укажува дека студентите имаат недоверба кон универзитетите затоа што универизтетите не им нидат правна рамка со која би биле заштитени“, рече  д-р Ангелина Станојоска, вонреден професор на Правниот факултет во Битола.

Студентите како најчести места каде биле сексуално вознемирувани ги посочиле канцелариите на професорите, предавалните или амфитеатрите и ходниците. Сексуалното вознемирување на универзитетите најчесто е преку коментари со сексуална содржина, шеги од сексуална природа, но и форма на сексуална понуда. Тие ретко пријавуваат сексуално насилство, а како најчести причини се страв од негативни последици, како и остуство на транспаретни и ефикасни механизми на заштита.

Резултатите покажаа дека сексуалното вознемирување постои, меѓутоа постои и висока темна бројка зашто голем дел од студентите не го препознаваат.

„Извлекуваме заклучок дека студентите не го препознаваат доволно сексуалното вознемираување и многу  често го поистоветуваат со останатите форми на сексуална деликвенција“, рече професорот д-р Ице Илиевски.

Во Макаедонија не спотои правна регулатива  со која е опфатено сексуалното вознемирување на универзитетите, а тие немаат правна процедура за пријава на ваква појава и натамошни мерки за заштита.  

„Не постојат класични правни акти кои се донесени на универзитетско ниво. Дел од универзитетете сексуалното вознемирување го имаат предвидено во нивните етички кодекси, дел во упатства или правилници за заштита од вознемирување на работно место. Но, доминираат универизтетите кои оваа проблематика воопшто ја немаат уредено во нивните акти или тие акти не се јавно достапно што би значело дека воопшто ги нема. Потребно е универзитетете веќе активно да се ангажираат и да пристапат кон донесување и изготвување на посебни правилници за заштита од сексуално вознемирување со кои ќе го уредат поимот и постапките за заштита на студените“, рече доцент д-р Ивона Шушак- Лозановска.

Во Собрание веќе во второ читање поминаа измените на кривичниот законик и сексуалното вознемирување ќе стани кривично дело.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани