2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

По книгата, конзулката направи и документарец за сорпугот-легенда на алпското скијање

Декември 18, 2022

Уште во 1984 година била изработена студија од словенечкото проектантско биро „Тиволи“ за развој на Пелистер која предвидувала со ски лифтови и жичници да се дојде дури до 2.601 метар надморска височина, односно до врвот. Ова го спомнува некогашниот македонски скијачки ас во документарниот филм „Љупчо Спировски легенда“. По книгата посветена на сопругот, македонски шампион во алпско скијање, неговата сопруга и бритнатска конзулка Лилјана Спировска изработи и документарец за неговите успеси кој завчера беше промовиран во Битола. Филмот е спој од снимки за неговите постигнувања и бројни интервјуа дадени за телевизии во минатото, во кои зборува дека се потребни поголем вложувања во туризмот на Пелистер.

foto dokumentarec spirovski e toj od levo

 

„Студијата за Пелистер е изработена во 1984 од Тиволи од Љубљана во која се изнесени сите можности на Пелистер, од скијачки до сметувачки капацитети. Меѓутоа, реализацијата на оваа студија е сè уште на почетно ниво, треба тоа да се реализира што поскоро, но треба заедницата да биде носител на некои активности. Предвидува со објекти да се искачиме до 2.601 метар односно до врвот. Фаза на освојување на Пелистрер со изградба на сместувачки објекти, ски лифтови, жичарници, да биде центар за 25.000 скијачи“, вели Спировски во интервју за МТВ во 1990.

 

Од изработката на студијата поминаа 38 години, но досега ништо од предвиденото на Пелистер не се реализира. Напротив, во меѓувреме паркот остана и без двата планинарски дома „Копанки“ и „Ловечка“ кои изгореа во пожар.

Конзулката Спировска е една од ретките во земјава која по своја иницијатива се нафати со објава на книги и документарци за делото на нејзиниот сопруг. На промоцијата на документарниот филм изјави дека има многу материјал, па затоа по вторпат го овековечи неговото дело.

Спировски, роден 1950, во неговата кариера освои многу награди, трофеи, пехари, со години беше апсолутен победник во алпско скијање во Македонија. Ги бранеше боите на југословенската репрезентација на Олимпијадата во Гренобл, Франција, во 1968. Го носеше и олимпискиот факел во Битола пред отворањето на Олимписките игри во 1984. Беше и еден од носителите на олимпиското знаеме на отворањето на Олимпијадата во Сараево.

dokj2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани