2win800x200

Почина писателот Владимир Костов

Јануари 03, 2023
Фото Википедија Фото Википедија

 

На 90 годишна возраст почина писателот и почесен член на МАНУ, Владимир Костов. Тој беше романсиер, раскажувач, новелист и автор на драмски текстови. Има објавено вкупно 17 романи, 11 збирки новели, 10 книги за деца и млади и збирка на драми “Декалог”. Беше член на Научното друштво во Битола и на Друштвото на писателите на Македонија. Се смета за еден од основачите на КУД „Илинден“. Долги години беше професор по македонски јазик во Битола, а посебно на Педагошката академија. 

Застапен е во антологии на македонскиот расказ кај нас и во странство, во Антологијата на македонскиот роман, во едицијата “Најчитани македонски романи” и во едицијата “Македонска книжевност во 130 тома”.

Со романот “Нов ум” ,”Свадбата на Мара” и со „Црквичето четириесет маченици” бил застапен во училишната лектира..Дел од неговите дела се поставени на сцената на Народниот театар во Битола, а посебно „Свадабат на Мара“ е една од најуспешнитре театарски претстави на НТБ.

Добитник е на бројни книжевни и други општествени признанија меѓу кои и „4 Ноември“ на градот Битола, „11 Октомври“, Рационово признание и други.

Погребот е утре во 12 часот на Светонеделските гробишта во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани