2win800x200

Почина д-р Вангел - најомилениот педијатар меѓу битолските деца

Јануари 04, 2023

Денеска на 68 годишна возраст почина д-р Вангел Тодоров најомилениот педијатар меѓу битолските дечиња. Тој и покрај пензионирањето беше активен и не ги остави своите најмали паценти без лекарска грижа. 

Со повеќе од 40 години искуство во медицината, доктор Вангел беше добро познато име на родителите на
бројни генерации во Битола..

Доктор Вангел го заврши медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград, а пред 30 години специјализираше педијатрија на „Институт за мајка и дете“ во Белград.

После стекнатото богато искуство во јавното здравство на нашиот град, д-р Вангел ја формира ПЗУ„Д-р Вангел“, каде заедно со својот тим секојдневно се грижеа за здравјето на нашите децата.
Неговата стручност и веселиот дух секогаш придонесуваа за  стекнување на доверба кај родителите и децата. Д-р Вангел беше педијатар и  најголема поддршка на нашите деца во текот на растот и развојот. 

Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата на храмот Св. Димитрија на 5 Јануари 2023 година, од 10.00 до 13.00, каде во 13.00 ќе биде одржано и опелото.
Погребот ќе биде на гробиштата Света Недела во Битола.


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани