2win800x200

Пулмологот Ивановска-Поради зголемен број на пациенти со вирусни состојби, хоспитализираните ги сместуваме на Интерно и Физикална со 24 часовна медицинска заштита

Јануари 10, 2023

Заради зголемен број на прегледи во Интернистичката амбуланта и зголемен број на хоспитални болни со фебрилни состојби, бронхопнеумонии и вирусни состојби, Интерното одделение привремено се проширува на одделот за Физикална медицина во Клиничката болница Битола. Ова се случува бидејќи е затворен стационарниот дел на Инфективното одделение, потврдува за медиумите, началникот на Интерното одделение при Клиничката болница Битола, д-р Елизабета Ивановска, специјалист интернист, субспецијалист пулмолог. На дневна болница се 65 пациенти, додека 70 се хоспитализирани, а за едно деноноќие се прегледуваат до 90 пациенти.  

Пулмологот Ивановска вели дека ваквата состојба ќе потрае се додека има потреба од хоспитализации и напоменува дека  за  пациентите сместени во Физикална, обезбеден е полн капацитет од лекари и медицински персонал со 24 часовна смена. 

„Едно од најоптоварените одделенија  во Битолската клиничка болница е Интерното одделение заради наплив на тешки хоспитални вирусни  инфекции поради што работиме со натпросечни човечки сили, бидејќи и самиот персонал се заразува од вирусите и затоа упатуваме еден апел до хроничните болни и повозрасната популација да останат во своите домови, да не излегуваат надвор без потреба и да не се групираат  со цел да ја избегнат оваа ситуација како не би имале здравствени проблеми“, вели д-р Ивановска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани