2win800x200

Ковачевски: РЕК во целосна употреба, цената на струјата не се зголемува

Јануари 12, 2023

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска беше во посета на РЕК Битола каде е пуштен во употреба и третиот блок на Комбинатот.

„РЕК Битола работи со полн капацитет. Монтажата на новиот трансформатор, што го изработи турската компанија Астор заврши успешно. Пуштен е во употреба и третиот блок во РЕК Битола, којшто веќе испорачува електрична енергија. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија“, посочи премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата рече дека сите напори се насочени за да се обезбеди што поголемо производство на домашна електрична енергија, за да се заштитат граѓаните и фирмите од енормно високи цени на струјата.


„РЕК Битола произведува над 60 проценти од домашното производство на струја. Во 2023 година, планирано е над 70 проценти од домашно производство на електрична енергија да биде произведено од термоелектраните во сопственост на државата. Производството на електрична енергија без Блок 3, со максимално ангажирање на другите два блока во 2022 година изнесуваше 2.350 гигават часови. Во 2023 година од овој капацитет на РЕК Битола, планирано е производство на над 3.000 GWh“, рече Ковачевски.

Придобивките од активирањето на Блок 3 во РЕК Битола се повеќекратни, затоа што покрај зголемено домашно производство на електрична енергија, придонесува и за зголемена доверливост и стабилност на електроенергетскиот систем и дава можност да се прават редовни годишни ремонти на сите три блока во РЕК, што е значајно за одржување на тековното производство на електрична енергија.

главна 2

Трансформаторот што беше оштетен од пожарот во ноември 2021 година се наоѓа на репарација во специјализирана фабрика во Србија и откако ќе биде поправен, ќе служи како резерва", додаде премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија и како и досега, електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции и цената не се зголемува.

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски рече дека со ваквиот режим на работа го исполнуваат бараниот конзум на струја на дневна основа, но се јавуваат и вишоци во ноќните часови од 2 до 7 часот на утро за  што веќе имаат објавено јавен повик за продажба.  Тој додаде дека ова производство на струја од РЕК се доближува до најдобрите времиња на Комбинатот кога постројките биле понови, а и јаглен имало повеќе.

главна 4

„Дневната потрошувачка со три блокови е околу 20 000 тони на ден, но и производството на јаглен од сопствените рудници, добавката што ја имаме ја покрива дневната побарувачка на  јаглен. Депонијата се чува доколку има евентуално испади во делот на снабдување со јаглен во рудниците или доколку има временски елементарни непогоди. Не очекуваме во овој период да имаме намалено производство на јаглен од домашните капацитети. Напротив домашното производство на ископ на јаглен е засилено и производството со подобар квалитет на јаглен“, рече директорот Ковачевски.   

главна 3

Генералниот директор на РЕК Пеце Матевски додаде дека вработените во РЕК даваат маскимални заложби, превземени се сите мерки за стабилно производство на електрична енергија.

„На депонија имаме над 300 000 тони јаглен и се преземаат мерки да имаме стабилен режим на работа на сите блокови. РЕК Битола наполни 40 години од отпочнувањето со работа и се трудиме старите потројки да ги одржуваме во добар континуитет се со цел да произведиме што повеќе електрична енергија и да имаме стабилна работа“, рече Матевски.  

324857480 663669565557750 2198292802608173401 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани