2win800x200

Фатени крадците што го „олесниле“ магацинот на РЕК Битола

Јануари 16, 2023

На 15.01.2023 од страна на полициски службеници од Полициското одделение Новаци лишени од слобода се З. М.(21) и Б.К.(19) од Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава според која од магацински простор во кругот на РЕК Битола одземени се поголем број предмети.

Одземените предмети се пронајдени кај приведените лица и се вратени на сопственикот. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти СВР Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани